Samsung наскоро со нов "војнички" таблет

Објавено на 21.09.2020 во Новости



Samsung наскоро со нов "војнички" таблет

Samsung Mobile наскоро ќе лансира нов супер издржлив таблет со војнички стандарди кој ќе може да се справи со секаков вид на надворешни временски услови, а притоа ќе биде и многу цврст.

Станува збор за новиот Samsung Galaxy Active Tab 3 кој во оваа класа доаѓа по точно три години од последниот ваков вид на модел.

За Samsung Galaxy Active Tab 3 засега е познато дека ќе има 8 инчен дисплеј со Full HD резолуција, ќе работи со осум-јадрен Exynos 9810 процесор, 4 GB RAM, 64 GB меморија, батерија со капацитет од 5000 mAh, 13 мегапикселна камера на задната страна и 5 мегапикселна селфи камера на предната страна.