Децата не штедат веќе пари на бомбони, туку за Fortnite и Apple

Објавено на 21.09.2020 во Новости



Децата не штедат веќе пари на бомбони, туку за Fortnite и Apple

Детството во дигиталната ера радикално се разликува од начинот на растење во минатото. Наместо на воздух и во игра, се повеќе деца го поминуваат времето меѓу четири ѕида со мобилни уреди и видео игри. 

Така се промени и причината за штедењето на децата. Според истражувањето во Велика Британија, децата од 4 до 14 години не ги трошат своите собрани пари на бомбони и книги, туку купуваат додатоци за видео игри. Најчесто ги трошеле парите на Roblox и Fortnite. На трето место се Lego коцките, кои се дефинитивно дел од секое дете, на четврто место се слатките и книгите, кои порано беа на прво место според потрошувачката.

Во споредба со минатата година, децата денес штедат 43,5% (во споредба со лани - 38%), и за уредите на Apple.





Прочитајте повеќе: