AMD донираше 12 петафлопи супер-компјутерски сили за истражување на COVID-19

Објавено на 21.09.2020 во Новости



AMD донираше 12 петафлопи супер-компјутерски сили за истражување на COVID-19

AMD го основаше фондот AMD COVID-19 HPC+ со цел да им даде компјутерски ресурси на истражувачките институции за забрзување на медицинските истражувања за COVID-19 и други болести. 

Освен донациите од 15 милиони долари во компјутерски системи со високи перформанси, AMD со својата технологија и технички ресурси придонесе во удвојувањето на перформансите за "Corona" системот во Националната лабораторија Lawrence Livermore што се користи за обезбедување на компјутерски сили за молекуларно моделирање во поддршката за истражување на COVID-19.

Автор: Aleksandar Stankov