Ги забележавте ли точките на iPhone?

Објавено на 21.09.2020 во iOs



Ги забележавте ли точките на iPhone?

Благодарение на новата опција на Apple, сега може да откриете дали некој ве шпионира. Од оваа недела за корисниците на Apple со iOS софтвер има бројни надградби, со кои се забележува портокалова или зелена точка во горниот десен агол.

Што значи тоа? Точките претставуваат нова безбедносна опција благодарение на која корисниците ќе знаат кога се користат микрофонот и камерата на уредите. Портокаловата точка се појавува кога активната апликација го користи микрофонот на iPhone, па така ќе се појави во текот на разговорите, а ако користите Siri или некоја друга апликација што бара микрофон. Зелената точка означува користење на камерите при снимање на видеа, се користат и камерата и микрофонот и ќе се прикаже само зелената точка.