iPad 8 влезе во продажба со ниска цена и стар процесор

Објавено на 21.09.2020 во Новости



iPad 8 влезе во продажба со ниска цена и стар процесор

Apple започна со продажба на новиот таблет iPad 8 со големина на екранот од 10.2 инчи со HD резолуција и една од досега најниските цени почнувајќи од 329 долари, а преку одредени канали има и попуст од 10%.

Новиот iPad 10.2 од осмата генерација доаѓа со А12 процесорот кој датира од 2018 година кога беше лансиран со смартфонот iPhone XS.

iPad 8 (10.2) нуди Retina дисплеј, поддршка за Stylus пенкалце, 3 GB RAM, 8 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 32,4 Wh за целодневна работа и iPadOS 14 оперативен систем.





Прочитајте повеќе: