Конечно ќе биде лансиран Pixel 4a 5G, но дали е предоцна?

Објавено на 22.09.2020 во Новости



Конечно ќе биде лансиран Pixel 4a 5G, но дали е предоцна?

Google има чудна тактика за лансирање на новите смартфони годинава бидејќи планира наскоро да ги пушти во продажба истовремено новите модели Pixel 4a 5G кој сам по себе ќе биде квалитетен уред, но со пониската цена може да му попречи во пласманот на помоќниот и премиум модел Pixel 5 5G.

Pixel 4a 5G нема да располага со бројни хардверски новитети и ќе се продава во Европа по цена од околу 500 евра што е сосема солидно за уред од оваа класа. Сепак, тоа може да попречи во пласманот на новиот Pixel 5 како смартфон од следната генерација кој е планирано да чини околу 650 евра.

Автор: Aleksandar Stankov