Xiaomi Mi 10T ќе биде поевтин од очекуваното?

Објавено на 22.09.2020 во Новости



Xiaomi Mi 10T ќе биде поевтин од очекуваното?

Xiaomi постои голема можност да ги спушти цените на новите два модели кои ќе ја продолжат низата во премиум класата со цел да се доближи до поголем број на корисници, нудејќи одлични перформанси.

Според најновите информации Xiaomi Mi 10T и Xiaomi Mi 10T Pro кои треба да пристигна до крајот на месецов би се продавале по цена од 499 евра за основниот модел и 599 евра за попремиум моделот, односно по стотина евра пониско од првично планираното. 

Исто така излезе и гласина дека потоа ќе биде лансиран и Xiaomi Mi 10T Lite модел кој со неколку промени во хардверот, а сличен дизајн и перфроманси ќе чини само 329 евра.