Почина пронаоѓачот на водоотпорната ткаенина гор-текс

Објавено на 22.09.2020 во Новости



Почина пронаоѓачот на водоотпорната ткаенина гор-текс

Роберт В. Гор е хемиски инженер, кој е глобално познат по материјалот гор-текс. Имено, тој го откри материјалот во времето кога работел во компанијата на својот татко Вилијам во САД. 

Роберт В. Гор почина на 83-годишна возраст, како извршен директор на компанијата WL Gore & Associates. Смртта на глобално познатиот откривач на водоотпорната ткаенина следувала после долго боледување во четвртокот. Ткаенината станала голем хит кај рекреативните тркачи и љубители на спортот за влажните временски услови, која била официјално пуштена во продажба во 1976 година. Гор-текс материјалот има широка примена во производството на медицински помагала, жици за гитара, вселенски одела и вакуумски ќеси.