Цукерберг со закана за повлекување на Facebook и Instagram од ЕУ

Објавено на 22.09.2020 во Новости



Цукерберг со закана за повлекување на Facebook и Instagram од ЕУ

Ирската комисија за заштита на податоци минатиот месец донесе одлука со која Facebook не смее повеќе да ги трансферира своите податоци во САД од Европската Унија, туку треба да ги држи на серверите во ЕУ, поради страв дека американската влада би можела да има увид во тие податоци.

Ако навистина дојде до примена на оваа одлука, Facebook тврди дека последиците за корисниците и бројни компании во Европа би можеле да бидат фатални, пишува во тужбата што Facebook ја поднел до Врховниот суд во Ирска. Имено, тоа би можело да доведе до напуштање на Европската Унија од страна на Facebook и Instagram.