HMD Global со нови телефони и услуги, Флоријан Сеш: „За смрт нема време“

Објавено на 23.09.2020 во Новости



HMD Global со нови телефони и услуги, Флоријан Сеш: „За смрт нема време“

HMD Global, неколкугодишниот дом на Nokia телефоните, претстави два нови члена во семејството на смартфоните: Nokia 3.4 и Nokia 2.4, нова дополнителна опрема и HMD Connect Pro услугата, која на компаниите им овозможува безбедно и транспарентно решение за глобален роаминг за пренос на податоци.

„Без сомневање, ова беше највозбудлива година за сите и сочувствуваме со сите што се погодени во 2020. За нас ова е трансформирачка година и се прилагодивме кон временските промени. Многу сум возбуден што ги прошируваме нашите услуги со додадена вредност за компаниите со ова претставување на HMD Connect Pro услугите што ги овозможува досега невидената флексибилност и безбедност. Nokia 3.4 и Nokia 2.4 се важни нови додатоци во нашата понуда со поволни смартфони. Се гордеам што од денес започнува продажбата на Nokia 8.3 5G уредите што овозможуваат 5G решение спремно за иднината и на нашето партнерство со филмот „За смрт нема време“, што докажува дека Nokia телефонот е единствениот што би ви требал“, вели Флоријан Сеш, извршниот директор на HMD Global.