Новости од Nokia: Претставени Nokia 3.4 и Nokia 2.4

Објавено на 23.09.2020 во Новости



Новости од Nokia: Претставени Nokia 3.4 и Nokia 2.4

Претставени се новите телефони Nokia 3.4 и Nokia 2.4 со AI снимање, биометрика и голем екран, што овозможува долгорочна вредност и најдоброто од Android. Новата Nokia 2.4 доаѓа со AI снимање, дводневно траење на батеријата и голем HD+ дисплеј, додека Nokia 3.4 овозможува напредна тројна камера со ултра-широка леќа, подобрени перформанси и голем екран.

Nokia 2.4

Новата генерација на Nokia 2 има AI снимање со посебен модул и портретен едитор што овозможува уредување на снимките прилагодливи кон формата и замаглените позадини, дури и после снимањето на фотографијата. Доаѓа со сензор за отпечатоци на прсти и AI отклучување на лицето, уникатен пристап и дополнителна безбедност, а сето тоа во траен дизајн, што не е направен само убаво да изгледа, туку и да биде отпорен. Дијагоналата на екранот изнесува 6.5 инчи, а очекуваното траење на батеријата изнесува два дена. Nokia 2.4 има Android тригодишно безбедносно ажурирање на софтверот и две години ажурирање на оперативниот систем, што значи дека ќе достигне до Android 11 и 12.

Nokia 3.4

Nokia 3.4 има сериозно подобрување во перформансите - Qualcomm Snapdragon 460 процесор, со голем 6.39” HD+ дисплеј со дупка за предната камера и моќна тројна задна камера со ултра-широка леќа и AI снимање. Nokia 3.4 има Android 10 оперативен систем и Nokia Android со ветување дека со години ќе примате безбедносни и и софтверски надградби. Сето тоа доаѓа со карактеристична дводневна батерија замотана во премиум дизајн што пристигнува во три нови живи бои инспирирани со нордиска природа и со тој стил овозможува отпорност во согласност со финските корени.