Nokia Power Earbuds Lite слушалки и лесно пренослив Nokia безжичен звучник

Објавено на 23.09.2020 во Новости



Nokia Power Earbuds Lite слушалки и лесно пренослив Nokia безжичен звучник

Претставена е исто така новата аудио опрема на Nokia - Nokia Earbuds Lite, новиот пренослив безжичен звучник на Nokia со интегриран микрофон и заштитни кутии. Новата опрема е спакувана со 100% рециклирана хартија, со што во намалуваме влијанието на околината.

Nokia Power Earbuds Lite

Новите Nokia Power Earbuds Lite ви дозволуваат да ги слушате своите омилени песни во движење до 35 часа, а комотниот дизајн со интуитивни контроли на допир овозможуваат едноставно управување со повиците или прелистување на песните. IPX7 сертификатот значи дека се отпорни на вода до еден метар длабочина до 30 минути, што значи дека може без грижи да се потите во теретана или да трчате, а 6мм звучници од графен ќе ви овозможат чист звук.

Nokia преносен безжичен звучник

Nokia преносниот безжичен звучник е дизајниран за да биде лесно пренослив и овозможува до 4 часа репродукција со интегриран микрофон, со цел да можете што полесно да извршувате групни повици во движење. Може да упарите два уреда за квалитетна стерео репродукција, како и сите наши аудио производи што доаѓаат со универзална Bluetooth 5.0 компатибилност да може да ги поврзете сите свои уреди, независно од брендот.

HMD Global го претстави и HMD Connect Pro кој нуди поедноставен начин за компаниите што сакаат нивните смартфони и другите уреди поврзани низ цел свет на безбеден и транспарентен начин. Услугата нуди централизирано управување со СИМ картички со целосна контрола и превенција на измами, безбедно пренасочени податоци во реално време, дијагностика и отстранување на грешки. Со над 600 мрежни оператори во 160 земји, HMD Connect Pro овозможува апсолутна флексибилност, транспарентност и конкурентна наплата и едноставна робусна конзола за управување со СИМ картичките и цените што се во согласност со вашите потреби за сообраќај, без оглед во колку земји работите.

Автор: Aleksandar Stankov