Nokia 8.3 5G со „Про“ ZEISS оптика започна со продажба

Објавено на 23.09.2020 во Новости



Nokia 8.3 5G со „Про“ ZEISS оптика започна со продажба

Nokia 8.3 5G вчера почна со продажба, кој беше долго очекуван. Nokia 8.3 5G е смартфон со брзина, безбедност и иновации, со цел да се задоволат и MI6 агентите, кој ја одбира новата 00 агентка од Џејмс Бонд филмот „За смрт нема време“, кој почнува со прикажување во октомври. 

Nokia 8.3 5G е идеален телефон за креативците оти доаѓа со моќна четворна PureView камера со ZEISS оптика и овозможува снимки како на филм со ZEISS Cinema ефекти и OZO звук. Дизајниран да поддржи 5G мрежи што моментално се развиваат, Nokia 8.3 5G сложува над 40 различни RF компоненти во еден модул, што го прави не само глобален уред, туку и опорен на иднината, оти е спремен за следната етапа на развој со 5G технологијата. 

Цената на Nokia 8.3 5G е просечна и изнесува 599 евра, при што сите сопственици на овој модел добиваат гратис 6 месечна претплата на Google One. Снимајте и едитирајте во движењето со брзо прикачување и дополнителни 100GB меморија на Google Drive, Gmail и Google Photos сервисите, а сето тоа со една претплата ќе може да споделувате меѓу пет корисници.