Samsung Galaxy S20 FE е специјално креиран за фановите со пониска цена

Објавено на 23.09.2020 во Новости



Samsung Galaxy S20 FE е специјално креиран за фановите со пониска цена

Како што се очекуваше Samsung Mobile на денешниот Galaxy Unpacked for Every Fan го претстави новиот смартфон од премиум класата креиран според потребите на фановите со пониска цена од неговите претходници од Galaxy S20 серијата, а притоа со речиси идентични хардверски компоненти.

Новиот Samsung Galaxy S20 FE е официјално претставен со 6.5 инчен Infinity-O Super AMOLED дисплеј, со големина која е помеѓу стандардниот Galaxy S20 и Galaxy S20 Ultra. Овој модел како главен новитет го носи 120Hz стандардот како стапка на освежување на сликата што овозможува брзо скролање низ содржини и одличен преглед на видео игри. 

Единствена промена е што резолуцијата е задржана на Full HD Plus со 2400 x 1080 пиксели, селфи камерата од 32 мегапиксели е сместена во средината на горната страна, додека екранот има рамна површина и доаѓа без заобленост на рабовите. 

Samsung Galaxy S20 FE ќе работи со осум-јадрен процесор соодветен на пазарот како и неговите претходници, ќе има 128 GB основна вградена меморија со најмалку 6 GB RAM. Исто така уредот е напојуван од одлична батерија со капацитет од 4500 mAh со максимална брзина на полнење од 25W.

Samsung Galaxy S20 FE располага со три главни камери на задната страна со широк опфат на леќите и прецизен автофокус, како и сензор за длабочина за правење на различни ефекти при портретите и има квалитетно снимање на HD видеа. 

Другата разлика е во тоа што Samsung Galaxy S20 FE на задната страна има пластична наместо стаклена обвивка, но затоа пак доаѓа во голем избор на бои, а има и мат завршница што дава дополнителен впечаток од естетски аспект.

Засега основната цена на Samsung Galaxy S20 FE е поставена на 699 долари, па наскоро очекуваме да биде позната и неговата цена за македонскиот пазар. Цената ја оправдува и фактот што овој модел има и 5G мобилна конекција, па така е за нијанса поскап од ланскиот модел Samsung Galaxy S20 Lite иако треба да се потенцира дека овој уред има сосема поинаква замисла од Lite верзиите.