Претставен е наследникот „флексибилец“ FlexPai 2

Објавено на 24.09.2020 во Новости



Претставен е наследникот „флексибилец“ FlexPai 2

Кинеско-калифорниската компанија Royole го претстави лани првиот флексибилен смартфон, а сега пристигна и наследникот. Проблемот со овие модели е што не се широко достапни.

Новиот Royole FlexPai 2 бил тестиран со 1,8 милиони пати со преклопувања, а во неговата конструкција биле употребувани материјали што се користат во производството на авиони и затоа се исклучително издржливи. Благодарение на тоа, FlexPai 2 може да го поставите под било кој агол за да се гледа содржина на екранот. 

FlexPai 2 има така еден голем флексибилен екран што се преклопува на половина и тоа така што екранот останува од надворешната страна. Кога ќе се отвори, екранот има вкупна дијагонала од 7,8 инчи, што го става во рангот на таблетите.

Четири камери: широкоаголна од 16MP, главната од 64MP, селфи од 32MP и дополнителна од 8MP, сместени на работ од „предната“ страна, а како што истакнуваат од Royole, благодарение на нивната положба, корисниците може да користат неколку уникатни начини за снимање на фотографии.

Уредот поддржува брзо полнење со помош на USB-C влез и батерија од 4450mAh, ажуриран WaterOS базиран на Android 10, последниот Snaprdragon 865 процесор и спремен за 5G технологија, а доаѓа во две верзии: 8GB т.е. 12GB RAM и 256GB, т.е. 512GB меморија. Во моментот е достапен само во Кина.