Европол: Заврши златната доба на dark web
Објавено на 24.09.2020 во Новости
Европол најави дека заврши златната доба на dark web, откако уапси 179 лица од шест земји. Уапсените продавале дрога, лекови, оружје и други забранети работи онлајн на dark web, без да знаат дека полицијата веќе одредено време ги следи и собира докази.
При апсењето и претресите се запленети над 6,5 милиони долари во класични пари и во криптовалути, како и дрогата наменета за продажба. Операцијата Disruptor е продолжение на операцијата што била започната уште во првата половина на 2019 година, кога беше втората најголема илегална онлајн продажба на dark web - Wall Street Market.
Најголем број од апсените се од САД - 121 лице, додека останатите криминалци се од Германија, Холандија, Велика Британија, Австрија и Шведска.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.