Google Maps прикажува целосна слика на КОВИД-19 инфекциите

Објавено на 24.09.2020 во Новости



Google Maps прикажува целосна слика на КОВИД-19 инфекциите

Google преку апликацијата Maps воведе нов „слој“ за приказ на целосна слика со КОВИД-19 инфекциите во една област. Слојот на информации ги користи јавните податоци кои се преземаат од здравствените институти.

Иако патувањата се одвиваат со бројни рестрикции приказот на бројот на инфекции со КОВИД-19 миже да ви даде подобар увид за состојбата со пандемијата на одредена локација, пред да се решите да ја посетите.

Слојот за информации се активира во делот за Layers на Google Maps за видот на приказ. За користење на новата КОВИД-19 функција треба да ја имате инсталирано најновата верзија на Google Maps.