Nokia 7.3 5G: Подобрен дизајн и четворна камера

Објавено на 25.09.2020 во Новости



Nokia 7.3 5G: Подобрен дизајн и четворна камера

Се очекуваше HMD Global да го открие Nokia 7.3 5G неделава, но тоа не се случи, а во меѓувреме Стив Хемерстофер го откри дизајнот целосно. Nokia 7.3 5G располага со кружен модул за камерата од задната страна, брендирана со ZEISS оптика.

Од задната страна има четири камери, со главен сензор од 48 мегапиксели и 12 мегапиксели ултраширок сензор. HMD Global се очекува да вклучи 2 мегапиксели сензор за длабочина и 2 мегапиксели макро камера. Дисплејот ќе биде 6.5-инчи со punch-hole за селфи камерата во горниот лев агол од 24MP, со Full-HD+ резолуција.

Nokia 7.3 се очекува да биде со 5G технологија, Snapdragon 690 процесор, 4GB RAM меморија и 64GB внатрешна меморија, додека батеријата ќе биде со 4,000mAh капацитет. Nokia 7.3 5G се очекува да излезе во октомври или ноември, заедно со Nokia 6.3 и Nokia 9.3 PureView 5G.