Pixel 5 ќе има пола-пола дизајн

Објавено на 26.09.2020 во Новости



Pixel 5 ќе има пола-пола дизајн

Google сака да вметне "ретро" елементи во јубилејниот петти по ред Pixel 5 смартфон кој ќе потсетува на првиот Pixel кој воопшто беше лансиран пред речиси 5 години.

Според првите слики кои ја откриваат задната страна од смартфонот новиот Pixel 5 ќе има два дела од кои едната половина ќе биде со стаклена површина додека пак горната страна каде што е сместена главната камера и скенерот за отпечатоци ќе биде со цврста пластика.