TikTok ќе се ангажира повеќе за бришење на вознемирувачките видеа

Објавено на 27.09.2020 во Новости



TikTok ќе се ангажира повеќе за бришење на вознемирувачките видеа

Имаше видео со вознемирувачка содржина што беше објавено и на Instagram, Twitter и Youtube. На TikTok се појавуваа исечоци од видеото неколку недели по ред, затоа што многу корисници го преземале оригиналното видео и потоа уфрлувале делчиња од него. 

TikTok се уште се бори да ја отстрани целосно снимката од својата мрежа. Генералниот менаџер за Нов Зеланд, Ли Хантер, вели дека тоа „не беа само случаи на копирање на видеото, туку спојување на содржина во рамки на друга содржина, така што видеото на почеток изгледа безопасно, а потоа наидувате на вознемирувачка содржина“.

За таа цел во иднина, Хантер сака да потпиша меморандум заедно со шефовите на Google, Facebook, Twitter, Pinterest и Reddit, со цел да се овозможи да се споделуваат информации што ќе бидат со зголемена заштита.