Објавен нов патент за Huawei Mate X2 со 5 камери

Објавено на 28.09.2020 во Новости



Објавен нов патент за Huawei Mate X2 со 5 камери

Huawei Mate X2 ќе биде со нов дизајн, кој овој пат го претстави Let'sGoDigital. Дисплејот овој пат се вклопува кон внатрешната страна, со релативно голем надворешен екран со punch-hole за камерата.

Имаме кружен модул со дури пет камери. Дисплејот на Mate X2 ќе биде со 8.03-инчи големина и 4,5-инчен надворешен екран. Под хауба се очекува Huawei Mate X2 да биде со Kirin 9000 процесор.