Како изгледа првата летачка безбедносна камера Always Home Cam?

Објавено на 28.09.2020 во Новости



Како изгледа првата летачка безбедносна камера Always Home Cam?

Спојот на дроновите и безбедноста на домот најдобро ја изразува компанијата Ring преку претставувањето на првата летачка камера за надзор за употреба во домашни услови. 

Always Home Cam е дрон кој има вградена безбедносна камера и видео надзорот може да го прегледувате и со вашиот смартфон. Практичноста на овој уред е што може одеднаш да покрие поголем простор и да „прелета“ низ повеќе агли или влезни точки на еден објект за преглед на состојбата.

Доколку имате вградено аларм систем од Ring самата камера може да долета до местото каде е активиран сензорот и да видите што се случува во моментот. Наскоро се очекуваат повеќе детали за цената и достапноста на Always Home Cam безбедносната камера. 





Прочитајте повеќе: