Претставен Huawei P Smart 2021 со мега батерија

Објавено на 28.09.2020 во Новости



Претставен Huawei P Smart 2021 со мега батерија

Huawei иако има уште три месеци до крајот на оваа година, веќе го претстави новиот Huawei P Smart 2021 кој како главен адут ќе ја има мега батеријата со капацитет од 5000 mAh.

Huawei P Smart 2021 повторно ќе биде одличен смартфон од средната класа со одлични перформанси пред се во понудата на мобилните оператори. Huawei P Smart 2021 располага со 6.67 инчен FHD+ IPS LCD дисплеј, а на предната страна има и вградена селфи камера од 8 мегапиксели со што се напушта концептот на pop-up перископски механизам.

Huawei P Smart 2021 работи со осум-јадрен Kirin 710A процесор, 4 GB RAM и 128 GB вградена основна меморија, додека пак главната камера има примарен сензор од 48 мегапиксели и уште три дополнителни сензори.

Почетната цена на Huawei P Smart 2021 е поставена на 230 евра.