Samsung One UI 3.0: Наскоро излегува бета верзија за Galaxy S20

Објавено на 29.09.2020 во Новости



Samsung One UI 3.0: Наскоро излегува бета верзија за Galaxy S20

Минатиот месец Samsung ја лансираше One UI 3.0 бета варијантата за девелопери за Galaxy S20 серијата, порано одошто очекуваното, споредбено со претходните години. Со пост од Samsung Members групата открива дека One UI 3.0 beta излегува јавно за корисниците наскоро за Galaxy S20, S20+, и S20 Ultra.

Корисниците може да се зачленат за програмата преку Samsung Members апликацијата, што тогаш ќе го открие линкот за преземање на бета и официјалната дата на лансирање. One UI 3.0 beta има промени во почетниот екран, lock screen, Always-On дисплеј, Accessibility, Samsung Internet мобилниот прелистувач, подобрување во авто-фокусот и друго.

Автор: Aleksandar Stankov