Погледнете го „еластичниот“ Lenovo ThinkPad X1 Fold таблет

Објавено на 29.09.2020 во Новости



Погледнете го „еластичниот“ Lenovo ThinkPad X1 Fold таблет

Концептот на флексибилни екрани на преклоп полека наоѓа примена и во категоријата на таблети, а тоа на дело го покажа Lenovo со новиот „еластичен“ Lenovo ThinkPad X1 Fold таблет.

Lenovo ThinkPad X1 Fold доаѓа со 13.3 инчен OLED дисплеј со размер на сликата од 4:3 и резолуција од 2,048 x 1,536 пиксели. Друг куриозитет за овој таблет е што работи со Windows 10 оперативниот систем со прилагодениот tablet mode па така има одличен приказ на менито и апликациите во хоризонтална поставеност.

Работи со Intel Core i5-L16G7 процесор, 8 GB LPDDR4X RAM, како и SSD диск со капацитет од 1 TB. Предност е што дисплејот може да се превитка на две половини или да се користи целосно отворен. Станува за експериментален уред, па така цената на Lenovo ThinkPad X1 Fold изнесува огромни 2500 долари.