FarmVille се гаси од Facebook
Објавено на 30.09.2020 во Игри
Facebook беше многу поинаков пред 10 години во споредба со денешното време, тогаш се играа многу игри, меѓу кои и FarmVille. FarmVille беше лансиран во 2009 година и стана најпопуларната игра, што на почетокот на 2010 година имаше речиси 84 милиони активни корисници.
Две години подоцна FarmVille веќе не беше популарна игра, а во 2016 година излезе од топ 100 најпопуларни игри. Играта останува уште три месеци на интернет, а потоа нема да биде достапна, оти нема да платат дозвола за Adobe Flash Player.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.