Google Maps премина на темната страна

Објавено на 30.09.2020 во Новости



Google Maps премина на темната страна

Google полека ги комплетира целосното преобразување на сите системски апликации кои се прилагодени за работа со Dark Mode менито што фати вистински замаф изминатиот период.

Овој пат нова надградба доби и мобилната апликација Google Maps за Android која е прилагодена за работа со Dark Mode.

Содржински не е променето ништо суштински, освен тоа што корисниците сега имаат уште еден избор за приказ на менито на Google Maps со темни нијанси што може да ја заштеди батеријата и да зрачи помалку светлина за заштита на очите.