Google ќе им плати милијарда долари на медиумите

Објавено на 03.10.2020 во Новости



Google ќе им плати милијарда долари на медиумите

Google испланирал за следните 3 години милијардерски буџет за медиумите - да им плати милијарда долари за содржините. Тоа го потврдува извршниот директор Сундар Пичаи

Се разбира, ова се случува поради притисокот од медиумските компании, кои трошат многу пари за собирање и креирање на содржините. Пичаи истовремено го најави и новиот продукт Google News Showcase, кој излегува прво во Германија.