Сонот повеќе не е јаве со Daydream за Android

Објавено на 03.10.2020 во Новости



Сонот повеќе не е јаве со Daydream за Android

Google најверојатно нема да ги оствари соништата за напредна виртуелна реалност откако ја откажа поддршката за Daydream Virtual Reality платформата за најновата верзија на Android 11.

Google и претходно се откажа од Daydream VR паметните очила за преглед на специјализирани содржини поради намален интерес за користење и развој на нови апликации од страна на програмерите и девелоперите.

Тие што се уште ги имаат Daydream VR очилата од оваа платформа можеби и натаму ќе може да најдат некоја апликација или содржина со VR која не е креиран од Google, ни понатаму нема да добиваат софтверски надградби и корисничка поддршка.

Автор: Aleksandar Stankov