Samsung Galaxy S21 5G ќе ја исфрли Note серијата и ќе биде со S Pen

Објавено на 04.10.2020 во Новости



Samsung Galaxy S21 5G ќе ја исфрли Note серијата и ќе биде со S Pen

Note серијата на Samsung отсекогаш беше симбол за премиум модел со голем дисплеј и S Pen. Сето тоа експертите сметаат дека нема повеќе да го гледаме кај Samsung, со оглед на тоа што се предвидува стопирање на Note линијата и продолжување на S линијата со S Pen.

Со оглед на тоа што сега се актуелизира Fold серијата, најверојатно мора корејскиот бренд да исфрли една класа од својата понуда, со цел да го издигне новиот Galaxy Z Fold 2 5G модел. Речиси е веќе сигурно дека во иднина ќе ги имаме 5G-моделите S21, S21+, S21 Ultra , при што Galaxy S21 Ultra 5G ќе биде со S Pen поддршка.