Google Play Pass пристигнува во 24 нови земји

Објавено на 04.10.2020 во Новости



Google Play Pass пристигнува во 24 нови земји

Google Play Pass имаше тежок старт минатата година, но сега поради коронавирусот сигурно ќе земе замав. Компанијата го прошири совето портфолио со Play Pass за 500+ наслови во минатата година, а сега премиум претплатата се лансира во 24 нови земји.

Што е Google Play Pass? Google Play Pass е претплатнички сервис што нуди пристап до илјадници игри и апликации, без никакви реклами. Ова чини $4,99 месечно или $29,99 годишно за Европа. 

Што мора да имате на вашиот уред:

- Минимално Android 4.4 верзија;
- Google Play Store 16.6.25 верзија на апликација;
- Валиден метод на плаќање;
- Да ја имате истата земја на плаќање и Google Play земја;
- Да користите Google account. 

Новите 24 земји што Google ги додаде на својот список се: 

Австрија
Белгија
Бугарија
Хрватска
Кипар
Чешка република
Данска
Естонија
Финска
Грција
Унгарија
Летонија
Лихтенштајн
Литванија
Луксембург
Малта
Холандија
Норвешка
Полска
Португалија
Романија
Словачка
Словенија
Шведска

Автор: Aleksandar Stankov