iPad Air 2020 го покажа потенцијалот на iPhone 12

Објавено на 04.10.2020 во Новости



iPad Air 2020 го покажа потенцијалот на iPhone 12

Apple со лансирањето на iPad Air 2020 однапред покажа што може да очекуваме од новиот iPhone 12 бидејќи работи со истиот A14 Bionic процесор.

iPad Air 2020 веќе беше тестиран на бенчмарк тест каде покажа за околу 20% подобро перформанси во работата на едно и на сите јадра комбинирано во споредба со iPhone 11 Pro кој работи со ланскиот A13 Bionic процесор.

Слични перформанси се очекуваат и кај iPhone 12 моделите кои до крајот на месецов ќе бидат претставени со A14 Bionic процесор.