За Surface Neo ќе почекаме уште две години

Објавено на 05.10.2020 во Новости



За Surface Neo ќе почекаме уште две години

Microsoft имаше одлична најава на Surface Neo хибридниот таблет со двоен екран кој требаше да донесе нова свежина во хибридната категорија, сепак ќе мора да се соочи со разочарување на фановите.

Не станува збор за проблем со хардверот или со механизмот за преклопување, туку пречката е софтверот.

Surface Neo хибридниот таблет работи со Windows 10 X оперативниот систем и нема поддршка за работа со двоен екран на преклоп. Софтверското прилагодување ќе трае подолго од очекуваното, односно ќе се почека до 2022 година.