Samsung Galaxy S21 без вградена селфи камера под дисплејот
Објавено на 06.10.2020 во Новости
Samsung Mobile најверојатно нема да стигне навреме со производство на иновативната вградена селфи камера под самиот дисплеј на следниот премиум смартфон Samsung Galaxy S21 кој треба да пристигне некададе во март следната година.
Samsung Mobile најверојатно ќе користи стандардна вградена камера во дел од засек на дисплејот и ќе има минимална видливост.
Вградената селфи камера која практично ќе биде невидлива се очекува да дебитира со Samsung Galaxy Z Fold 3 моделот следната година.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.