HarmonyOS 2.0 оперативен систем ќе има кај Mate 40 серијата

Објавено на 06.10.2020 во Новости



HarmonyOS 2.0 оперативен систем ќе има кај Mate 40 серијата

Huawei официјално соопшти дека телефоните со EMUI 11 кориснички интерфејс ќе може да инсталираат и HarmonyOS 2.0. Новата верзија на софтвер првично се испорачува на девелоперите, додека првата бета верзија за смартфони ќе пристигне во декември.

Корисник од Weibo објави видео распоред од соопштението на кинеската компанија: уредите со Kirin 9000 процесори први добиваат HarmonyOS 2.0 (а тоа е Mate 40 серијата), Kirin 990 5G смартфоните (некои P40 и Mate 30 модели), Kirin 990 4G (делумно), 985, 820 (делумно), Kirin 980, и 710 смартфоните. Huawei Mate 40 се очекува да излезе официјално во средината на октомври за пазарот на Кина, а глобално излегува во 2021 година.