Instagram слави десет години - корисниците сами да менуваат лого

Објавено на 07.10.2020 во Новости



Instagram слави десет години - корисниците сами да менуваат лого

Instagram прославува 10 години од постоењето, период во кој прерасна главна социјална мрежа, особено денес за помладата популација како омилена платформа за споделување на слики.

Instagram откако доби голем број на корисници веднаш беше купен од страна на Facebook за целосна контрола над пазарот од страна на Марк Цукерберг.

Лансирањето на опцијата за кратки приказни целосно ги промени со социјалните мрежи со потребата постојано да се емитува тоа што го правиме секојдневно.

Како дел од прославата Instagram ќе им овозможи на корисниците сами да одберат лого на апликацијата на нивниот смартфон од старото полароидно лого се до логоа кои претставуваат разни општествени движења и естетики.