iPhone 12 сепак ќе има идентичен засек како и претходните модели

Објавено на 07.10.2020 во Новости



iPhone 12 сепак ќе има идентичен засек како и претходните модели

Apple нема да вложи големи напори за радикални промени во дизајнот на претстојните iPhone 12 модели, особено не во делот на засекот на врвот на екранот.

Засекот каде е сместена селфи камерата и Face ID скенерот ќе биде сличен како и кај iPhone X уред кој беше претставен пред три години.

Целосна искористеност на предната површина на екранот со невидлива вградена селфи камера и Face ID скенер може да очекуваме дури другата година со iPhone 13 моделот.

Автор: Aleksandar Stankov