Zeiss ZX1 е најскапата Android камера со full-frame

Објавено на 08.10.2020 во Новости



Zeiss ZX1 е најскапата Android камера со full-frame

Zeiss ZX1 камерата е најавена од пред 2 години, која располага со Android оперативен систем и екран на допир. Цената на камерата изнесува неверојатни 6.000 долари за преднарачка.

Android камерата на Zeiss се одликува со 37MP full-frame сензор, 35мм фиксен објектив f/2, електронски пребарувач и 3 бројчаници за контрола на блендата, брзината на блендата и ISO-осетливоста. Zeiss ZX1 има 4,3-инчен екран на допир и Adobe Lightroom, со цел да може да ги уредувате фотографиите на самиот уред. Другите спецификации се Wi-Fi, USB-C и 512GB внатрешна меморија. 

Автор: Aleksandar Stankov