Huawei не се откажува од Honor суб-брендот

Објавено на 08.10.2020 во Новости



Huawei не се откажува од Honor суб-брендот

Huawei ги демантираше гласините дека е подготвен да се откаже од суб-брендот Honor за кој наводно имало интерес да биде купен од страна на партнер од САД или Европа, односно компанија која засега не е под санкции од страна на претседателот Трамп.

Шпекулацијата ја објави етаблираниот аналитичар Минг Чи Ку кој тврдеше дека Huawei бил подготвен да го продаде Honor.

На овој начин Honor би можел да соработува со партнери од САД и земјите кои наметнаа санкции, а истовремено да лансира и премиум модели, наместо да се фокусира само на основната и средната класа.