Кои познати имиња содржат злонамерни софтвери при пребарување

Објавено на 09.10.2020 во Новости



Кои познати имиња содржат злонамерни софтвери при пребарување

McAfee објави список со 10 најпознати имиња, кои се злоупотребуваат на интернет со злонамерни софтвери при пребарување. Како најопасна славна личност на интернет е прогласена актерката Ана Кендрик. 

Името на Ана Кендрик најмногу се злоупотребува на интернет, што е утврдено според бројот на линкови што се појавуваат при пребарување, па зад нејзе се крие злонамерен софтвер, вирус и друго. Останатите „опасни имиња“ се: Шон Комбс, Блејк Лајвли, Мараја Кери, Џастин Тимберлејк, Тејлор Свифт, Џими Кимел, Џулија Робертс, Кејт Меккинон и Џејсон Деруло.