Што да преземете ако истурите кафе на лаптопот

Објавено на 10.10.2020 во Новости



Што да преземете ако истурите кафе на лаптопот

Без оглед на тоа што секогаш внимаваме многу за да не истуриме течности врз лаптопот и колку далеку ги оставаме, мора да ни се случи понекогаш беља. Што треба да направите во таков случај?

Веднаш исклучете го лаптопот од струја, зашто поинаку би можело да влезе течност преку тастатурата во хардверот и да предизвика краток спој, што ќе резултира со оштетување на одредени делови на лаптопот. Ако можете потоа извадете ја и батеријата на лаптопот, а потоа почнете да ја чистите течноста што може да ја исчистите. Пожелно е да се носи на мајстор што ќе го отвори и ќе го провери за да ги исчисти деловите. Лаптопот треба да биде поставен наопаку и за да не навлезе течноста.