Poco ќе лансира вистински наследник на Pocophone F1 како flagship killer

Објавено на 11.10.2020 во Новости



Poco ќе лансира вистински наследник на Pocophone F1 како flagship killer

Poco долго време не се осмелил да лансира смартфон кој ќе биде убиец во премиум класата и со драстично пониска цена да се спротивстави на конкуренцијата.

Од суб-брендот кој доби поголема автономија од Xiaomi најавуваат дека се решени конечно догодина да лансираат вистински наследник на Pocophone F1.

Според тоа се очекува новиот модел без оглед како ќе се вика дали Poco F3 или нешто сосема друго да биде врвен смартфон со најдобар процесор и камера како и одличен екран за цена од околу 400 евра.

За жал Poco F2 моделот и X2 спинофот не донесоа ништо атрактивно, а притоа беа и многу поскапи со стандардите цени во нивните категории.

Автор: Aleksandar Stankov