Twitter воведува нови ограничувања пред американските избори

Објавено на 11.10.2020 во Новости



Twitter воведува нови ограничувања пред американските избори

Twitter најави дека корисниците од следната недела ќе ги насочуваат корисниците кон веродостојни извори доколку се обидуваат да ретвитаат лажни содржини. Додаваат дека ќе ги зголемат предупредувањата и ограничувањата на твитовите со лажните информации за американски политичари како кандидатите или луѓето од изборните кампањи, како и на американските профили со над 100.000 следбеници или оние со значителен ангажман.

Twitter објасни дека корисниците ќе мора да кликнат на предупредувањата пред да ги видат лажните твитови. Ќе ги исклучат и опциите за лајкување и ретвитање на такви содржини. Од социјалната мрежа соопштуваат дека се ставени предупредувања на илјадници лажни објави, а најмногу внимание привлекоа твитовите на актуелниот претседател Доналд Трамп