Rakuten Viber со нова опција за оние што имаат многу обврски

Објавено на 13.10.2020 во Новости



Rakuten Viber со нова опција за оние што имаат многу обврски

Rakuten Viber, една од најдобрите апликации за лесна и бесплатна комуникација, ја претстави новата опција My Notes. Корисниците со многу обврски отсега не мора да ги паметат сите задачи што мора да ги исполнат во текот на денот и затоа имаат потреба од пишување белешки.

Како што ритамот на животот станува се побрз, а дневниот распоред ни е полн со предизвици, потсетниците и to-do листите стануваат клучна алатка за одржување на контрола над секојдневието. Памтењето на роденденот, онлајн испитот или конференциските разговори, се полесни со My Notes на Viber, алатка што им помага на корисниците да се прилагодуваат кон новите ситуации.