„Hi, Speed“: Спремни ли сме за новиот iPhone 12?

Објавено на 13.10.2020 во Новости



„Hi, Speed“: Спремни ли сме за новиот iPhone 12?

Виртеулната конференција на Apple веќе почнува, конкретно од 19 часот по македонско време, на која ќе ги претстави новите модели на iPhone и некој уред плус. Аналитичарите сметаат дека ова е најважното лансирање на производите на Apple во последните 10 години.

Комбинацијата на различни големини на екраните, како и различниот ценовен ранг на новите модели, новиот дизајн, 5G поддршката, како факт дека бројни досегашни сопственици на iPhone би можеле да се одлучат на купување на нов модел, што го претставуваат за единствена прилика за да ја зголемат продажбата на телефоните и уделот на пазарот со поголем приход и профит.

Телефоните што Apple вечерва ги претставува се двата ценовно прифатливи модели - за прв пат се појави "mini" моделот - iPhone 12 mini со 5,4-инчен екран и iPhone 12 со екран од 6,1 инч. iPhone 12 Pro располага со 6,1-инчен екран, додека Pro Max е со најголемиот екран досега, барем кога станува збор за телефоните на Apple - 6,7 инчи. Сите модели се со OLED екрани, новата генерација на Apple процесори и 5G поддршка, додека најголемите разлики се во камерите. Pro моделите имаат три камери и LiDar, за разлика од 12 моделот и 12 mini моделот, кои имаат само две камери од задната страна.

Покрај телефоните, тука е HomePod mini со цена од 99 долари и нови слушалки што ќе се продаваат под брендот на Apple. Да, ја имаме и новата MagSafe техника за безжично полнење. iPhone сега има и ново куќиште, кое само ја центрира позицијата за полнење со цел корисниците да бидат сигурни дека безжичното полнење се одвива непречено. Конференцијата започнува во 19:00 часот по наше време, останете со нас за најновите детали, или следете го настанот во живо на видеото одозгора.





Прочитајте повеќе: