Apple жестоко го напаѓа пазарот на смартфони

Објавено на 14.10.2020 во Новости



Apple жестоко го напаѓа пазарот на смартфони

iPhone 12, 12 mini, iPhone Pro и Pro Max беа ексклузивно претставени вчера од страна на Apple. Заедничко за моделите е најновиот Apple A14 Bionic процесор, OLED дисплеите и поддршка за 5G. Apple става акцент на 5G, со големи брзини и мала латенција, која ја овозможува новата генерација на мобилна мрежа.

Интересно е тоа што доаѓа со посебен "smart data" режим, кој комбинира користење 4G и 5G мрежа за заштеда на батеријата, само кога апликациите го бараат тоа. Почетната цена на iPhone изнесува 12 699 долари, што би било навистина прифатливо за корисниците. Таков е iPhone mini кој има 5,4 инчен дисплеј (11% потенок, 15% помал и 16% полесен) и достапен е со 64, 128 и 256GB меморија.

Има одлична графика и две камери со резолуција од 12MP (едната е ултраширока), со кои снимањето на фотографии во услови на слаба осветленост е уште подобро во споредба со iPhone 11. Сега има и керамичка заштита, со што екранот е многу поиздржлив. Разликата меѓу класичниот iPhone 12 и Mini моделот е во големината на дисплеј, оти 12 има 6,1-инчен дисплеј, па така е за 100 долари поскап. iPhone 12 е достапен за преднарачки од сега, а може да се купи од 23 октомври.