Samsung Galaxy A71 ја оствари надградбата со One UI 2.5

Објавено на 14.10.2020 во Новости



Samsung Galaxy A71 ја оствари надградбата со One UI 2.5

Samsung Mobile ја започна надградбата за моделот Galaxy A71 со најновата јавно достапна верзија на корисничкиот интерфејс OneUI 2.5.

Станува збор за полугодишната надградба на софтверот која со себе носи неколку нови функции кои неодамна беа претставени со фаблетот Galaxy Note 20, па така добро е да се види што дел од нив сега се достапни и за модели од средната висока класа.

Со OneUI 2.5 за Galaxy A71 се обезбедуваат повеќе подобрување на перформансите, на камерата, нови емоџи за Always on дисплејот, а се засилува и безбедноста.

 





Прочитајте повеќе: