Над 100 милиони 5G смартфони се испорачани годинава во Кина

Објавено на 15.10.2020 во Новости



Над 100 милиони 5G смартфони се испорачани годинава во Кина

Кина прераснува во лидер на 5G пазарот во светот каде годинава и покрај пандемијата со КОВИД-19 и економската криза се испорачани над 100 милиони смартфони кои работат на најновата мобилна мрежа.

Генерално продажбата на смартфони е намалена споредено со 2019 година, особено во првиот квартал кога изби корона вирусот и беше наметнат карантин, но во наредните месеци на закрепнување се постигнати солидни бројки.

Растот на продажба на 5G смартфони во Кина изнесува поголема за повеќе од половина додека пак од вкупната бројка на испорачани смартфони или 225 милиони, околу 45% се со 5G мобилна антена.