Што ќе понуди Honor X?

Објавено на 15.10.2020 во Новости



Што ќе понуди Honor X?

Honor суб-брендот на Huawei подготвува нов атрактивен смартфон во средната класа со пристојна цена од околу 250 долари кој ќе поседува повеќе адути за квалитетни перформанси во овој сегмент.

Според првичните информации Honor X ќе располага со 6,7 инчен Full HD Plus дисплеј, ќе има четири главни камери на задната страна со примарен сензор од 48 мегапиксели, како и батерија со капацитет од 5000 mAh со брзо полнење.

Уредот исто така ќе има и влез за слушалки како и USB Type C конектор за пренос на податоци.

Автор: Aleksandar Stankov