Samsung се потсмева на Apple за полначот

Објавено на 16.10.2020 во Новости



Samsung се потсмева на Apple за полначот

Со цел да ја зачува животната средина, Apple не ставил полнач во комплет со кутијата со новите iPhone модели. Причината е што секоја година се фрлаат полначи кои вредат колку 450 илјади автомобили.

Samsung ја искористи оваа прилика за да ги увери своите корисници дека со нивните GALAXY телефони имате полнач: „Вашиот нов Galaxy нуди се што ви е потребно. Од основните работи како полнач, се до врвна батерија, камери, перформанси и дисплеј од 120Hz“.